Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривични пријави против 35- годишен охриѓанец за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против  37- годишно лице од Пехчево, полициски службеник  за „помагање“ .

 На 4-ти декември, околу 23 часот, откако пријавените учествувале во тепачка пред кафе бар во Охрид, се упатиле во друга кафеана каде конзумирале поголема количина алкохол, по што  заминале во ноќен клуб во охридското село Косел. Пред да влезат во објектот  охриѓанецот го зел службениот пиштол од лицето од Пехчево кој го носел со себе и почнал да упатува  закани по животот на едно од лицата во објектот.

OhridNews