СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66- годишен охриѓанец за сторени две кривични дела „узурпација на недвижност“ и „бесправно градење“.
Пријавениот во периодот на мај 2014 година имал намера да се стекне со противправно владение на имот којшто е во заедничка сопственост на станарите во колективната стамбена зграда на бул. „Туристичка“, лоциран во подрумските простории.
Овој простор го оградил со преградни ѕидови, поставил врата и ја заклучил со што оневозможил пристап на другите станари од зградата. Истото го направил без да поседува одобрение за градење и без да ги реши сопственичките односи на конкретниот имот.
OhridNews