СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37- годишен охриѓанец, управител на трговско друштво во Охрид, за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „поднесување лажни докази“.

Откако едно лице поднело тужба против пријавениот, поради неподмирен долг за користење на деловен простор, во декември 2012 година, пријавениот на рочиштето пред Основниот суд Охрид приложил фалсификуван документ за каса-прими дека му исплатил на лицето парични средства за изнајмениот простор, по што судот го отфрлил предлогот на лицето кое поднело тужба.

OhridNews