Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”.

Од МВР информираат дека охриѓанецот, на крајот на месец ноември, минатата година, во ресторан во Охрид, пријавениот прободел со нож друго лице.
Нападнатото лице се здобило со тешки повреди во пределот на грбот и  градниот кош.

OhridNews