СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
 
На 22-ри овој месец, по претходно добиена наредба од судија, извршен е претрес во неговиот дом. Во една од собите на семејната куќа пронајдени се еден автоматски пиштол „Шкорпион“ и 69 парчиња муниција за пиштол калибар 7,62 милиметри.

Дополнително при преглед на гаражата забележани се 15 парчиња муниција калибар 12 милиметри кои биле сокриени во платнен реденик. При извршениот претрес, пронајдена е и една пневматска пушка „Гамо“ калибар 4,5 милиметри со потврда за истата.“ – информираат од СВР Охрид.

Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Инаку, пријавениот е лице познат на службата против кого и досега, по неколку основи биле поднесувани кривични пријави.

OhridNews