СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33- годишен охриѓанец за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотична дрога“.

Во мај 2012 година, во Охрид на ул. „Булевар Туристичка“, извршен е претрес во домот на пријавениот каде се пронајдени 36,6 грама наркотична дрога „марихуана“. Исто така во периодот од февруари до јули 2012 година, во својот дом тој им овозможил на две лица од Охрид да користат наркотична дрога.

OhridNews