СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Б. (30) од Охрид, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“.

Во септември 2011 година, извршен е претрес во станот и куќата на пријавениот каде се пронајдени три грама марихуана. Извршен бил и претрес во домот кај едно лице од Охрид, каде е пронајдена 0,45 грама мешавина тутун и марихуана што пријавениот му ја дал да ја користи.

OhridNews