Поднесена е кривична пријава против 28-годишниот охриѓанец кој нападна полицаец при интервенирање во средно училиште.

Инцидентот се случи на 28-ми декември во 15,30 часот на улицата „Живко Чинго” во ходникот од средно училиште, при преземање на службени дејствија-утврдување на идентитет. Пријавениот при тоа вербално го навредил полицискиот службеник, а потоа со глава го удрил во пределот на десната страна од челото нанесувајќи му телесни повреди. Пријавениот цело време бил агресивен и под дејство на алкохол. Полицискиот службеник заради утврдување на видот на здобиените повреди бил пренесен во охридската Општа болница.

OhridNews