СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Пријавениот, на катастарска парцела узурпирал земјиште во државна сопственост, при што поставил ограда и монтажна барака, без да поседува решение за изведба и одобрение за поставување на времени објекти на земјиште во државна сопственост, информираат од МВР.

OhridNews