СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 18.04.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана и тетрахидроканабинол, информираат од МВР.
OhridNews