Во текот на 2008 година, битолчанецотт како управител на фирмата , без да ги извести другите соосновачи на друштвото, извршил продажба на станбен објект во Охрид, сопственост на фирмата во износ од 900.000 денари, иако знаел дека наведениот објект е ставен под хипотека. При солемнизација на договорот кај нотар, тој приложил одлука за продажба на станот во која ги фалсификувал потписите на соосновачите на фирмата, а исто така приложил и потврда од Основниот суд Охрид, издадена од страна на охридскиот референт, во која било наведено дека станбениот објект не е ставен под хипотека.