СВР Охрид поднесе кривична пријава против 65-годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

На 8-ми август во стан во Охрид, сопственост на сопругата на пријавениот, настанала експлозија од која била оштетена целата покуќнина, како и вратите и прозорците во станот. Притоа, биле оштетени и повеќе возила кои биле паркирани во близина на зградата.

Експлозијата настанала од плинска боца, а во станот бил само пријавениот.

OhridNews

Експлозија во Далјан-еден повреден и голема материјална штета