СВР Охрид поднесе кривична пријава 58- годишен охриѓанец , сопственик на сендвичара на булеварот „Туристичка“, за сторено кривично дело „оштетување или повластување на доверители“.

Во периодот од април-јули 2012 година, пријавениот со цел да ги избегне обврските кон лице од Охрид, кое работело во неговиот угостителски објект , без да има засновано работен однос и да му бидат исплатени три месечни плати, истиот основал нов правен субјект на име на неговата сопруга со нова жиро сметка. Истовремено, на жиро сметката на сендвичарата не уплаќал приходи, со што истата останала блокирана.

На овој начин пријавениот го оштетил лицето за износ од 91.773 денари.

OhridNews