Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против 28- годишен стружанец за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Во текот на 2011 година, во Струга на ул. „Кеј Борис Кидрич“, пријавениот зел под закуп деловен простор, при што без да поседува одобрение го заградил просторот пред објектот кој претставува јавна површина, поставувајќи маси и столици.

OhridNews