Полициската станица- Струга поднесе кривична пријава против 29- годишен жител од струшкото село Делогожда, вработен како поштар во АД „Македонски пошти“-Подружница Струга за сторени кривични дела „послужување во службата“ и „фалсификување исправа“.

На 03.01.2013 година, пријавениот од касата на Поштата подигнал парични средства во износ од 6.900 денари, кои требало да му ги достави на друго лице како надомест за инвалидитет. Паричните средства ги задржал за себе, а на исплатното ливче го фалсификувал потписот на лицето, кое потоа го пријавило случајот, по што на 14.01.2013 година, пријавениот му ги исплатил парите.

OhridNews