Гостиварската Полициска станица поднесе кривична пријава против 36- годишно лице од струшко и против жител на Тетово за сторени кривични дела четири „тешки кражби“, две „тешки кражби“ во обид и „разбојништво“. Пријавените на 15- ти март во селото Врањовце, гостиварско, дошле во куќата на 53- годишна жителка на селото,  при што со закана со нож се обиделе да извршат разбојништво над неа, но откако забележале дека во куќата е нејзиниот син истите ја напуштиле куќата.

Исто така пријавените на 14- ти март Градец- гостиварско во шест куќи извршиле тешки кражби при што одзеле парични средства, златен накит и други предмети предизвикувајќи материјална штета од 63.000 денари.

OhridNews