Кривични поради компјутерска измама и фалсификување пари
28.09.12 14:05
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19- годишно лице од кавадаречкото село Росоман за сторено кривично дело „компјутерска измама“. Во текот на 2012 година, откако три лица од Скопје на интернет порталот „Пазар-3“, прочитале оглас дека во центарот на Охрид се издава соба за износ од 350 денари од ден, оствариле телефонски контакт со лице кое им кажало за сместувањето да уплатат капар на жиро сметка во Стопанска банка, на име на пријавениот кој е наводно негов брат. Лицата уплатиле 2.500 денари, а кога во месец јули дошле во Охрид, на посочената адреса виделе дека се работи за стара руинирана куќа и случајот го пријавиле во полиција.
СВР Охрид поднесе кривична пријава и против двајца охриѓани за сторени четири кривични дела „фалсификување пари“. Во периодот од јули до септември годинава , на подрачјето на Охрид, во четири наврати пријавените во две колонијални продавници, бурекџилница и од уличен продавач купиле производи, а за услугата платиле со четири фалсификувани банкноти во апоени од по 500 денари.
За сторено кривично дело „фалсификување пари“, СВР- Охрид поднесе кривична пријава и против 19- годишно лице од Скопје, кое во август , на ул. „Македонски Просветители“, во маркет , пријавениот купил три кутии цигари и на вработената и платил со фалсификувана банкнота од 500 денари.
Талентираното клавирско трио составено од младите охридски музичарки Ана Кузманоска (клавир), Лина Николеска (виолина) и Антица Николоска (виолина), ќе има свое деби во рамките на програмата „Подиу...
Oтсекот за превенција при СВР Охрид реализира превентивно-едукативна активност „Носи кацига“, наменета за лицата кои управуваат велосипеди, моторцикли и електрични тротинети Целта е, посочуваат од ...
Очаен беше обидот од страна на министерот Љутков да се оправда за својата неспособност Во периодот на претходната Влада предводена од СДСМ на Република Северна Македонија, покажавме силна посветено...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.