СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19- годишно лице од кавадаречкото село Росоман за сторено кривично дело „компјутерска измама“. Во текот на 2012 година, откако три лица од Скопје на интернет порталот „Пазар-3“, прочитале оглас дека во центарот на Охрид се издава соба за износ од 350 денари од ден, оствариле телефонски контакт со лице кое им кажало за сместувањето да уплатат капар на жиро сметка во Стопанска банка, на име на пријавениот кој е наводно негов брат. Лицата уплатиле 2.500 денари, а кога во месец јули дошле во Охрид, на посочената адреса виделе дека се работи за стара руинирана куќа и случајот го пријавиле во полиција.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против двајца охриѓани за сторени четири кривични дела „фалсификување пари“. Во периодот од јули до септември годинава , на подрачјето на Охрид, во четири наврати пријавените во две колонијални продавници, бурекџилница и од уличен продавач купиле производи, а за услугата платиле со четири фалсификувани банкноти во апоени од по 500 денари. 

За сторено кривично дело „фалсификување пари“, СВР- Охрид поднесе кривична пријава и против 19- годишно лице од Скопје, кое во август , на ул. „Македонски Просветители“, во маркет , пријавениот купил три кутии цигари и на вработената и платил со фалсификувана  банкнота од 500 денари.

OhridNews