СВР Охрид поднесе кривична пријава против 16- годишно лице од Кавадарци за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотична дрога“. Во јули 2012 година, на плажа во Авто- кампот „Градиште“, од страна на полициски службеници пријавениот бил затекнат заедно со уште едно лице од Кавадарци како користат наркотична дрога. При извршен преглед над истиот одземено е 0,1 грам мешавина од тутун и марихуана, што претходно ја набавил од непознато лице од Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 59- годишен охриѓанец за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17- ти август , во Охрид и во селото Велмеј, извршен бил претрес во домот на пријавениот каде бил пронајден ловен карабин калибар 7,9 мм, што го поседувал без одобрение.

OhridNews