Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против 31- годишната В.Б.(31) од кумановското село Черкези и против правно лице ДООЕЛ од струшкото село Велешта за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Во март 2012 година, во Струга на ул. „Маршал Тито“ на почетокот од мостот на реката „Црн Дрим„, пријавената без да поседува одобрение за градба  изградила метална монтажна трафика, а исто така не постапила според решението на градежната инспекција  со кое била задолжена да го отстрани објектот.

OhridNews