Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против три лица од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела “тешка кражба“ и кривично дело “тешка кражба во обид“. Во периодот од 07.07.2018 до 24.10.2018 година на подрачјето на Охрид, во маркети, магацин, спортска обложувалница и кафе бар, со употреба на подесен алат и физичка сила делувале на влезните врати и вршеле кражби. При тоа, одзеле парични средства, разни видови на цигари и други колонијални производи, со што се стекналe со противправна имотна корист од 805.000 денари.
Од МВР информираат за уште едно кривично дело извршено во Охрид. СВР поднесе кривична пријава против двајца охриѓани за сторени кривични дела „изнуда” и „насилство“. На 9-ти овој месец околу 11,30 часот во Охрид во угостителски објект на улица „Кленоец“ првопријавениот кој бил заедно со второпријавениот, физички нападнал 54-годишно лице од Охрид, при што му побарал 2.000 евра и патничко моторно возило, кое требало да биде пренесено на второпријавениот. При тоа, второпријавениот ги спречувал гостите да влезат во објектот. Кога еден од присутните не сакал да го напушти објектот, првопријавениот физички го нападнал. Првопријавениот упатувал закани и кон други лица.
OhridNews












