Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“ Полициската станица од Струга, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против две лица од струшкото село Радолишта, како и против 25-годишен охриѓанец. Тие, на 24.06.2019 на  паркинг на улицата „Маршал Тито“ во Струга физички нападнале 27-годишно лице од Струга и со тврд предмет го оштетиле неговото патничко возило, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 02.07.2019 година околу 11 часот и 30 минути во Полициската станица Струга било пријавено дека на улицата „ЈНА“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 33-годишно лице од струшкото село Велешта врз 30-годишен жител на Радолишта. Напаѓачот е повикан во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.