СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23 и 25 годишни лица, двајцата од охридското село Косел, поради постоење основи на сомнение дека, првопријавениот сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а двајцата заедно сториле казненото дело „незаконито влијание врз сведоци“, информираат од СВР Охрид.
На 14.09.2022, при претрес извршен по судска наредба во домот на 23 годишното лице, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин. Тој, претходно, заедно со 25 годишното лице во селото Велгошти со употреба на сила внеле друго 25 годишно лице во возило, по што го однеле во село Рамне каде физички го нападнале. Судија на претходна постапка, на 23 годишниот охриѓанец му одреди мерка притвор до 30 дена, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












