Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 21 годишен охриѓанец и уште четири малолетни лица на возраст од 15 години, сите од Охрид.

Пријавените, тешките кражби ги извршиле од 21.06.2021 до 17.11.2021 година на разни локации во Охрид, при што одзеле 14 велосипеди, дел оставени необезбедени а дел одземени откако со подесен алат ги отстранувале безбедносните бројчаници и сајли. На тој начин, тие се здобиле со противправна имот корист во вкупна вредност од 206.018 денари, информираа од СВР Охрид. 

OhridNews