Билтенот на Охридската полиција вчера и денес е полн со кривични настани и физики пресметки.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против претседатеоот и секретарот на Здружението напензионери за Охрид и Дебрца, двајцата од Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Вo периодот од 2016 до 2018 година, првопријавениот, во својство на претседател на Извршен одбор на Здружение на пензионери на опшина Охрид и Дебарца, а второпријавениот во својство на секретар на истото здружение, неосновано си определиле за себе паричен надоместок по основ на присуство на седници на одборите на наведеното здружение.
Во истиот период, пријавените без прибирање на понуди или распишување на оглас за набавка на услуги за превоз на членовите на здруженитео, склучиле 78 договори за превоз на патници со компанија од Охрид, со што овозможиле наведеното правно лице да се стекне со противправна корист, соопшти полицијата.
СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 67- годишнa охриѓанка, за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“. Во период од октомври до декември 2016 година, пријавената во својство на виш соработник во Секторот за урбанизам, управување со градежно земјиште при Општина Охрид, несовесно постапувала во управен предмет за утврдување правен статус на бесправни објекти, при што без доставено правосилно оставинско решение од надлежен нотар, изготвила Решение за утврдување правен статус на бесправни објекти, урбанистичка согласност за бесправен објект семејна куќа запишана во имотен лист на име и во корист на жена, со што пријавената овозможила истата да се стекне со целокупниот имот од нејзиниот покоен сопруг, при што била нанесена штета на неговата ќерка, информира полицијата.
СВР Охрид информира и за два инциденти случени во текот на вчерашниот ден. Во првиот кој се случил околу 10 часот, на улицата „Сатеска“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од актуелен советник во Општина Охрид и уште едно лице врз 60 годишен професор на Факултетот на југоисточна Европа во Тетово, исто така од Охрид. Напаѓачот е повикан во полициска станица и извршен е службен разговор и против него и вториот напаѓач ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
Вчера, пак, околу 17 часот, на улицата „Ристо Крле“ во Струга нарушен бил јавниот ред и мир со напад врз службено лице при вршење службени дејства. Притоа, приведени се две лица од струшкото село Џепин како и едно лице од Струга. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.
OhridNews












