СВР Охрид поднесе кривични пријави против четири лица кои рано утрово, околу 4 часот и 40 минути го нарушиле јавниот ред и мир пред ноќниот клуб Наполеон.

Имено, лицата најпрво искршиле пивски шишиња и го демолирале шанкот и дел од инвентарот во ноќниот клуб, по што со вербални навреди и закани кон обезбедувањето дека ќе се вратат со огнено оружје, го напуштиле локалот. По извесно време пред ноќниот клуб, пристигнало патничко моторно возило Тојота, од кое излегле лицата кои претходно го нарушиле јавниот ред и мир. Едното од нив во рака држело ловна пушка. Обезбедувањето веднаш ги затворило вратите од клубот и го однел персоналот на соодветно безбедно место.

По неуспешниот обид четирите лица да влезат во клубот, започнале да викаат и се закануваат, по што било истрелано од ловната пушка.

На лице место веднаш пристигнала екипа од СВР- Охрид, по што лицата биле приведени.

OhridNews