Поради постоење на основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Насилство“ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против: Ц.М.(33) Н.М.(25) М.Т.(25) и З.Т. (28) сите од Охрид. Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид, на сите пријавени им одреди мерка притвор во траење до 30 дена. На првите тројца, мерката им е изречена во отсуство бидејки се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање, соопшти СВР Охрид.На 12-ти овој месец, околу 14 часот и 30 минути, во пицерија на градскиот кеј пријавените извршиле физички напад врз А.В. (30) од Охрид нанесувајки му тешки телесни повреди,скршеници на рацете и повеке повреди во пределот на главата.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на осомничените кои се во бегство.
извор: СВР Охрид











