Поради постоење на основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста„ Полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против: Н.Ш(31) и А.С.(25) двајцата од Струшкото село Велешта. Истражен Судија при Основниот Суд во струга, на двајцата им одреди мерка притвор во траење од 10 дена.

На 10-ти овој месец, во 02  часот и 3о минути, во угостителскиот објект „Ангела„ на Мислешевскиот пат во Струга, прво-пријавениот предизвикал нарушување на јавниот ред и мир со кршење на чаши, превртување на маси и столици во објектот, вербална расправија со присутен во кафеаната „Ангела„ како и обид за физички напад врз него.

Кога во угостителскиот објект, пристигнале полициските службеници, второ-пријавениот А.С. почнал вербално да ги навредува и омаловажува по што се обидел и физички да ги нападне но бил спречен во тоа. Набрзо расправијата се префрлила надвор од објектот каде полициските службеници се обиделе да го приведат А.С.  но неколку присутни лица се обиделе да ги спречат во тоа. Во еден момент пријавените,  со тупаница им се нафрлиле на полициските службеници. Натамошниот тек на нарушувањето се спречило одкако еден полициски службеник со службениот пиштол испукал еден куршум во воздух по што на лице место пристигнале повеке други полициски службеници.

Од како се приведени, кај двајцата пријавени извршено е алкотестирање при што кај Ш.Н. констатирани се 1,95  додека кај А.С. 2,18 промили алкохол во крвта.

Двајцата пријавени се познати нарушители на јавниот ред и мир против кои, службата има поднесено повеке пријави.

OhridNews