СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т. (47) и Ѓ.М. (40), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело „самовласите“, додека Н.Т. е пријавен и за кривично дело „лихварство“.

На 04.03.2011 година, во Охрид  пријавените го пресретнале Љ.Т. (37) и со сериозни закани по неговиот живот му барале да им врати паричен долг, по што тој го понудил неговото возило како залог за долгот, но истите не прифатиле односно барале да ги врати парите.

Исто така, Н.Т. на 06.03.2011 година, во фабрика  физички го нападнал сопственикот  притоа барајќи да му исплати 2.500 евра, како камата за парични средства што претходно пријавениот му ги дал.

OhridNews