СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Т.(51), референт за набавки во ЈП „Охридски комуналец“-Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на 2007 и 2008 година, пријавениот спротивно на Законот за јавни набавки набавувал резервни делови од фирма која врши продажба на авто- делови, по повисоки цени од предвидените во договорот. Исто така, набавувал и делови без тендерска спецификација и без анекс договор, со што и овозможил на фирмата да се стекне со противправна имотна корист од вкупно 738.729 денари.

СВР Охрид поднесе посебен извештај, против И.Б.(27) од Охрид, административен системски оператор при Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во февруари 2011 година, од страна на Ректорот на Универзитетот на пријавениот му било дадено отказно Решение, за несовесно работење и нанесување штета, бидејќи фалеле компјутери, во висина од 374.834 денари. По ова, пријавениот, од службениот е-маил, ги пресними сите податоци на ЦД, но од страна на службата за обезбедување во Универзитетот, при претрес над истиот, ЦД-то му било одземено.

OhridNews