Првопријавениот купил осум гуми за возило во износ од 44.440, притоа изготвувајќи испратница и фактура, наводно дека гумите биле за потребите на општината, но истата не ја предал за книжење во книговодствената евиденција, а гумите ги монтирал на своето возило.
Второпријавениот несовесно постапил во неговото работење, со тоа што на првопријавениот му овозможил неоправдано отсуство од работа за 24 работни дена без да спроведе дисциплинска постапка и да му изрече мерка „престанок на работниот однос“. Исто така за други денови кога не доаѓал на работа му дозволил во книгата за редовност да се потпише. На овој начин му овозможил на првопријавениот да прими плати во вкупен износ од 135.877 денари.