Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против 35- годишно лице од охридското село Долно Лакочереј и 39- годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Тешка кражба“ и  „Прикривање“.

Пријавеното лице од Долно Лакочереј кон крајот на март оваа година, со употреба на физичка сила насилно отворил прозорецот од приземје на куќа на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид и по извршеното пребарување, одзел два лап-топ компјутери од марките „Асус“ и „Ацер“, околу 10.000 денари, 200 евра, сребрен и „Сваровски“ накит. Еден од одземените лап-топ компјутери, подоцна бил даден на залог кај второ пријавениот, а потоа продаден за 2000 денари.

Кон средината на април, првопријавениот со употреба на физичка сила насилно отворил влезна врата од куќа во селото Долно Лакочереј од каде одзел 9000 денари. Со извршените тешки кражби, двете лица се стекнале со противправна имотна корист од 59.000 денари.

Пријавените се лица познати на службата против кои, за вакви и други казнени дела и досега им биле поднесувани повеќе кривични пријави. 

OhridNews