На 25- ти април годинава, во Охрид при извршен преглед во патничко моторно возило , управувано од првопријавениот, а во кое сопатник бил второпријавениот е пронајдена наркотична дрога марихуана. По ова, се извршени претреси и во домовите на пријавените каде се пронајдени околу 117 грама марихуана.
Од страна на Истражен судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.