СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.А. (30) од село Косел- охридско, дистрибутер во „Див“ ДООЕЛ, за сторени кривични дела „затајување“ со продолжено кривично дело и „фалсификување или уништување деловни книги“. Во текот на 2010 година, во Охрид, пријавениот во два наврати изготвил лажни испратници-фактури за наводно продадени производи во кафе бар во Охрид, а потоа во сметководството во фирмата лажно прикажал дека е остварена продажба со одложено плаќање во износ од 12.288 денари, иако производите ги продал во готово на други фирми, а паричните средства ги присвоил за себе.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против Г.Р. (52) и Б.Ц. (42), двајцата од Охрид, референти во магацинот за авто делови и авто гуми во ЈП „Охридски Комуналец“, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, а Г.Р. е пријавена и за „фалсификување или уништување деловни книги“. Од страна на пописна комисија со завршниот попис на претпријатието е утврдено дека во текот на  2010 година, пријавените дозволиле кусок на 22 автомобилски гуми, на штета на претпријатието во износ од 158.290 денари, додека првопријавената изготвила три лажни испратници за издавње на авто гуми од магацинот, лажно прикажувајќи дека гуми за патнички возила  се дадени на товорани возила во наведената фирма, а во сметководствената евиденција ги раздолжила од магацинот.

Ohridnews