Истражен Судија при Основниот Суд во Струга на Ѓ.П. во негово присуство му одреди мерка притвор во траење до 30 дена, додека истата мерка, но во одсуство му е одредена на А.Р. кој е во бегство.
На ден 22.12.2010 година, во стан во Струга изнајмен од Ѓ.П. биле пронајдени околу 1 килограм чиста опојна дрога марихуана која истиот за 48о евра ја купил од прво пријавениот А.Р. за понатамошна продажба во Словенија.
При претрес во домот на прво-пријавениот А.Р. во Струга, пронајдени се: помала количина марихуана, две рамки за автоматска пушка со околу 90 куршуми различен калибар, една црна маскирна капа-фантомка, полициски елек со СТОП палка, една гас-маска и други предмети.
Полициската станица во Струга презема мерки за пронаоѓање на прво-пријавениот А.Р. и целосно расчистување на случајот.