Полициската станица во Струга, поднесе кривична пријава против Е.Ј. (26) од Скопје и против Р.М. (31) од Струга за сторено кривично дело „неовлстено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци„. Е.Ј. е пријавена и за кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога„. На 29.11.2010 година, во Струга на ул.„Моша Пијаде„ извршен е претрес во куќа каде престојувала првопријавената при што затекнати се пријавените како користат наркотична дрога хероин, а пронајдени се и траги од прашкаста материја. Од преземените мерки е утврдено дека второпријавениот дрогата ја набавил од лице од Велешта, по што заедно со првопријавената ја користеле.

ПС Струга, поднесе кривична пријава и против Ш.А. (47) од село Заграчани и С.Б. (33) со привремен престој во Струга, за сторено кривично дело „неовлстено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци„, Во септември 2010 година, од страна на полицијата извршен е претрес во возило управувано од првопријавениот во кое бил и второпријавениот, при што е пронајдена 0,17 грама наркотична дрога хероин.   

Ohridnews