Кривична пријава заработија стружанецот М.Н. (35) од Струга за сторени две кривични дела „Убиство во обид“ и „Недозволено изработување држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали“, А.В. (25) од Скопје за две кривични дела и тоа „Убиство во обид“ и „Недозволено изработување држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материјали“, В.Т. (31) од село Калишта за Кривично дело „Убиство во обид“, Д.Г. (28) од Калишта-Струга за „Загрозување со опасно орадие при тепачка или караница“и Кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, Л.Л. (30) од Струга за Кривично дело „Учество во тепачка“и С.Г. (31) за сторено кривично дело „Учество во тепачка“.
Инаку во тепачката било употребено и огнено оружје, од што со влезно излезни рани во пределот на левата нога се здобиле М.Н. и В.Т., додека Д.Г. се здобил со повеќе расекотини на главата и убодна рана во пределот на стомакот. Увид на лице место извршија ИС, ОЈО и екипа од СВР-Охрид, при што беа пронајдени и подигнати за вештачење три чаури непознат калибар, еден дел од проектил, еден куршум, расклопен пиштол непозната марка и делови од пиштол. Од повредените лица кои се наоѓаа во Струшката болница биле земени парафински ракавици кои се испратени на вештачење. М.Н кој се наоѓал на лекување во Струга, вчера околу 19 часот избегал од болницата.