СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсорси”.

Во возилото на едно од лицата полициски службеници пронашле една најлонска кеса со наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 5,13 грама.

Во другиот случај,  во Охрид при преглед над пријавениот, полициски службеници пронашле една рачно изработена цигара – џоинт со опојна дрога марихуана со тежина од 0,51 грам, а од извршен претрес во објектот каде престојувал пријавениот пронајдена била опојна дрога марихуана со нето маса 4.49 грама, односно пронајдена е опојна дрога марихуана со вкупна тежина од 5 грама.

OhridNews