Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, поднесе две кривични пријави против тројца полициски службеници од Струга за сторени кривчни дела „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на 2009 и 2010 година, пријавените спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во два наврати не презеле службени дејствија, односно не извршиле увид на местото на настанот по случени сообраќајни незгоди. Притоа, не изготвиле записници и не поднеле соодветни поднесоци за сторените прекршоци против учесниците.

OhridNews