Кривични пријави за стружани поради поднесување лажни докази
27.04.11 12:14
Поради постоење на основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Поднесување лажни докази„ Полициската станица од Кичево, поднесе кривична пријава против: А.Б. (22) и А.В.(32) двајцата од Струга.
На 17-ти Фебруари оваа година, по претходен меѓусебен договор, тие пријавиле лажна сообраќајна незгода која се случила истиот ден на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Стража„. Според лажното пријавување, сообракајната незгода се случила околу 08 часот помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес„ сопственост и управувано од пријавениот А.Б. и патничко моторно возило „Фолксваген„ управувано од второ пријавениот А.В. Двајцата пријавени, пред полициските службеници навеле дека причина за сторената сообраќајна незгода била падната и оставена камионска гума на средината од коловозот. На 23 Март оваа година, прво пријавениот А.Б. преку правно лице од Струга, до Полициската станица Кичево, доставиле заверено кај Нотар барање за издавање записник од извршен увид и скица од сообраќајната незгода која тие лажно ја пријавиле во Полициската станица.
Наведувајќи лажен доказ за случена сообраќајна незгода, двајцата пријавени се обиделе да ја сокријат сообраќајната незгода што се случила истиот ден и на истото место но околу 05 часот кога патничкото возило „Мерцедес„ управувано од А.Б. излетало од патот. На лице место бил извршен увид при што било забележано оставено патничко моторно возило „Мерцедес„ кое излетало на левата страна од коловозот на патот Гостивар-Кичево. Притоа, не била констатирана оставена гума на патот или друг предмет што би била причина за излетување на возилото од коловозот.
Во разговор со двајцата пријавени, тие не ја пријавуваат и објаснуваат сообракајната незгода со излетување на истото возило околу 05 часот кај месноста „Стража„.
ЈП Водовод Охрид најавуваат прекин во водоснабдувањето во текот на утрешниот ден и кај корисниците на улицата „Вис“ Поради извршување на поголема интервенција на водоводната мрежа утре од 08:00 час...
Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина О...
На 04112025 околу 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во атарот на сОровник, општина Дебрца, патничко возило „смарт“ со охридски регистарски ознаки, управув...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.