СВР-Охрид поднесе кривична пријава против Џ.М.(54), А.Б.(52) двајцата од Охрид и Б.М.(53) и А.М.(27), двајцата од Струга за сторено кривично дело „учество во тепачка“.
Пријавените по претходно настаната расправија започнале тепачка во која е употребен и метален стол при што второпријавениот е тешко повреден во пределот на рамото, додека четвртопријавениот бил повреден во пределот на главата.
извор: СВР Охрид











