Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела“Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Фалсификување службена исправа“ и „Примање награда за противзаконито влијание“, секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Д.П.(58) од Охрид. Со пријавата е опфатено и лицето К.П.(59) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластување.“

Првопријавениот  во својство на в.д. директор на јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Охрид, во текот на февруари 2011 година, во вршење на службеното дејствие кое морало да се изврши, со искористување на службената положба и овластување побарал и примил подарок односно материјална корист од сопственик на правно лице од Охрид во висина од 64.153 денари. Тоа е направено по потпишување на договорот за закуп на ресторанот во состав на градските гробишта склучен за периодот од први јануари 2011 година до 24-ти Ноември 2012 година  по што сопственикот на правниот субјект ја уплатил наведената сума пари  во друг ресторан   како да купил 254,38 килограми риба охридска пастрмка, а всушност парите биле наменети за покривање на долговите на овој ресторан на првопријавениот по основ на користење на услуги за деловни и приватни ручеци.

Во текот на 2011 година, првопријавениот спротивно на статутот на јавното претпријатие „Градски гробишта“ со правното лице склучил анекс договор  на основниот договор за закуп на ресторанот поврзан со изградба на две септички јами и го намалил износот на годишна закупнина од 15.600 на 11.520 евра. Тоа го направил без да спроведе постапка за набавка на услуга според законот за јавни набавки и без одлука на управниот одбор на јавното претпријатие нанесувајќи му штета од 600.000,оо денари.

 Во Мај 2011 година, првопријавениот во службен акт внел невистинити податоци и со свој потпис и службен печат заверил документ за закуп. Тоа го направил без да спроведе постапка и спротивно на закон изготвил договор за закуп на ресторантот во состав на градските гробишта со правниот субјект. Со тоа, без одлука на управниот одбор на правниот субјект му ветил правно стопанисување со ресторантот за време од 5 години. Со таквите свои дејствија првопријавениот  влијаел да се намали годишниот закуп за ресторантот од 3.600 евра за што од сопственикот на фирмата која стопанисувала со ресторанот прибавил директна корист од 900 евра.

Второпријавениот во текот на 2012 година во својство на в.д. директор на јавното претпријатие „Градски гробишта“  постапил спротивно на законот за јавни набавки и со правниот субјект склучил договор за годишен закуп на ресторантот кај градските гробишта во износ од 12.000 евра. Тоа го направил без да да спроведе отвотрена постапка за што бил обврзан.-соопшти СВР Охрид.

OhridNews