Пријавата е поднесена против поранешниот генерален директор на „Емо„ против двајца негови помошници за правни и финансиски работи, како и против осум други лица, членови на одборот на директори, сите од Охрид, поради основи на сомнение дека , го сториле кривичното дело: „Злоупотреба на службена положба и овластување„ . Поднесената кривична пријава, дополнително ги товари екс генералниот директор и еден од неговите помошници за правни и финансиски работи, и за кривичното дело „Оштетување или повластување на доверители„
Пријавените, во текот на 2006 година,, ги пречекориле границите на своите службени овластувања и со неизвршување на свите службени должности, по претходна умисла и спротивно на статутот на „ЕМО“ донеле штетна одлука, овластувајќи го првопријавениот да потпише договор со брокерската куќа на една од банките , за оттуѓување на 4432 обични акции на „Емо“ во корист на кумановско акционерско друштво, со поединачна вредност од 5.040 денари по акција, знаејќи дека номиналната вредност на акциите во тој момент, изнесувала 7400 денари за една акција. На тој начин, со продажбата на берза на вкупно 4432 акции, пријавените, предизвикале штета на А.Д.„Емо“ во вкупна вредност од 10.459.520,оо денари. Првопријавениот без посебно овластување и согласност од неизвршните членови на одборот на директори, средствата стекнати од продажбата на 4432 акции, наместо на сметката на „Емо“, ги пренасочил на сметка на „Емо Ком“ ДООЕЛ Охрид, против-правно овозможувајќи му да се стекне со материјална корист од 22.186.016,5о денари а на штета на „Емо“.
Второпријавениот , помошник на директорот, во својство на службено раководно лице, со прикривање факти, пред одборот на директори, прикажал невистинита состојба, доставил лажни и презентирал погрешни податоци за потребата од ставање на продажба на 4432 акции сопственост на А.Д. „Емо“.
Третопријавениот помошник за правни и финансиски работи, како службено и раководно лице, во 2006 година, без овластување и согласност од членовите на одборот на директори, со писмено барање од извршител од Битола, побарал, средствата во износ од 13.893.342 денари, стекнати како разлика од продажбата на акциите, наместо на сметката на „Емо“, противправно ги пренасочил на сметката на „Емо Ком“ ДООЕЛ Охрид, со што му овозможил стекнување на незаконита материјална корист.