Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „телесна повреда“. На 30-ти декември во Струга, пријавениот, по предходна вербална расправија, со нож, нападнал две лица од Струга, при што  едното лице го прободел во  пределот на стомакот, додека на другото му нанел расекотини на двете раце.

Од МВР информираат за уште една пријава поднесена на подрачјето на општина Струга. Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против  36-годишно лице од Скопје, управител на правно лице од Струга и против правно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2017 година во Струга, во населбата Езерски Лозја,  првопријавената,  како  управител на правното лице и инвеститор започнала со изградба на објект за домување, без одобрение за градење. При инспекциски надзор, од градежен инспектор при Општина Струга, било констатирано дека градбата била без одобрение, по што било донесено решение за отстранување  на градбата.

OhridNews