Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против две лица од Струга за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во април годинава, во Струга  извршен бил преглед врз едно од лицата , како и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени 18,56 грама наркотична дрога „марихуана“ и 0,09 грама „хероин“, што претходно била набавена од страна на другиот стружанец  за износ од 1.000 денари, кој дел задржувал за себе, а дел продавал на лица-корисници на дрога.

OhridNews