СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59- годишен,поранешен раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици и 48- годишен советник во Секторот за сообраќај во општина Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во 2006 година, градоначалникот на општина Охрид донел решение за градење на фекална и атмосферска канализација, што требало да поминува низ приватен имот.
По ова екс раководителот на Секторот за комунални дејности во периодот од 2008 до 2010 година и советникот од 2009 до 2012 година, иако знаеле дека имотно правните односи каде што требало да поминува канализацијата не биле решени, изготвиле и потпишале налози да се гради водоводна и атмосферска канализација и градење на улица.
Во судската постапка е утврдено дека е предизвикана вкупна материјална штета од 81.740 евра.
OhridNews