Кривични за охриѓани поради узурпација на недвижност и бесправно градење
03.04.14 13:19
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40- годишен охриѓанец за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2011 година во Охрид на ул. „Лазо Трповски“ пријавениот спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, на масандра од колективна зграда бесправно изградил од 218,96 метри квадратни наменети за продажба. Инаку, пријавениот на 17.08.2011 година до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина доставил барање за утврдување на правен статус на бесправниот објект, прикривајќи дека отстапувањата во градбата се извршени по 03.03.2011 година, односно по донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 37- годишен охриѓанец за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во јануари 2014 година во деловна зграда на ул. „Димитар Влахов“ во Охрид со уривање на заеднички ѕид зазел подрумски дел во површина од 20,28 метри квадратни сопственост на охридската експозитура на акционерско друштво за осигрување и реосигурување.
Припадници на резервниот состав при СВР Охрид утре, недела, 25 октомври, од 8 часот ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид Од СВР Охрид информираат дека п...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од село Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 45-год...
По ставањето во функција на системот „Безбеден град“ во Охрид на 12 октомври, граѓаните реагираа на начинот на кој функционираат семафорите на улицата „Железничка“ Возачите укажуваа дека светлосна...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.