СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28- годишен жител нан селото Куратица за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотична дрога“. Во март 2012 година, во село Куратица, бил извршен претрес во домот на пријавениот каде се пронајдени 0,6 грама наркотична дрога „марихуана“, пет стебла од растението „канабис сатива“ и остатоци од марихуана и тутун. Исто така, пријавениот на три лица од Охрид им обезбедил просторија каде истите користеле дрога.

За сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР- Охрид поднесе кривична пријава и против 26- годишна охриѓанка . Во мај годинава, при извршен претрес во домот на пријавената, пронајдени биле 3,4 грама наркотична дрога „марихуана“, наменета за продажба.

OhridNews