Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници во Полициската станица- Струга за сторено кривично дело „злоупотреба на службената полжба и овластување“.

На 21.01.2012 година, во времето од 07,00 до 19,00 часот пријавените со усна наредба од непосредниот старешнина биле задолжени во Медицинскиот Центар во Струга да обезбедуваат две лица кои биле на лекување, а  се сторители на кривични дела.

Спротивно на дадената наредба едниот полицаец ја напуштил болницата, додека другиот влегол во собата на едно од лицата, по што  другото лице успеало да избега од болницата.

OhridNews