Барселона одлучи да го продаде Бојан Кркиќ на Рома за 12 милиони евра, со право да го откупи по две години за 13 милиони. За Барса има одиграно 106 натпревари и постигнато 26 голови. За селекцијата на Шпанија (под 17 г.) има 20 мечеви (16 голови) , за Шпанија (под 21 г.) одиграл 21 меч (4 голови), а за сениорската селекција има еден настап. Во Рома негов тренер ќе биде Луис Енрике, кој порано беше тренер на вториот тим на Барселона

Напаѓачот на чилеанската фудбалска репрезентација Алексис Санчез го напушти италијанскиот прволигаш Удинезе и својата кариера ќе ја продолжи во шпанскиот и европски шампион Барселона. Дваесет идве-годишниот Алексис Санчез со Барселона потпиша договор на пет години а неговиот досегашен клуб Удинезе ќе добие 26 милиони евра како обештетување, и уште можеби 11.5 милиони евра во зависност од успесите што ќе ги постигнат каталонците благодарејќи на настапите на овој млад чилеански фудбалер.


Санчез стана член на Удинезе во 2006 година, но првите две години ги мина како позајмен играч во чилеанскиот клуб Коло-Коло и во аргентинска Ривер Плата. За Удинезе вкупно нанижа 112 настапи и постигна 21 гол.

“Макфакс“
OHRIDNEWS